Годишен хороскоп 2022 за ВАГА: Година на патувања
Почетокот на годината на Вагата ќе и донесе радост и среќа во сите аспекти на животот. За средината на годината ве советуваме да се фокусирате на семејството и семејните односи, да одржувате контакт со вашите најблиски и да ги решавате проблемите како што доаѓаат. Во исто време, вредните Ваги ќе заработат голема сума пари пред крајот на следната година.
Оваа година е за Вага и година на патувања, па обидете се да планирате што повеќе и да испланирате мали патувања со семејството или партнерот.
Љубов
Љубовниот живот на Вагата конечно ќе се среди оваа година. Паровите кои штотуку почнале да се гледаат ќе ја зацврстат својата врска веќе на почетокот на јануари, а оние кои се во врска повеќе од неколку години ќе одлучат или да живеат заедно или да се венчаат. Избегнувајте бесмислени кавги и обидете се да го разберете партнерот.
Слободната Вага на почетокот на годината ќе запознае нов партнер.
Работа
Вагите кои работат во корпорации ќе имаат одлична година. Нивната напорна работа и посветеност конечно ќе вродат со плод. Веќе во првите месеци од следната година можат да очекуваат подобрување и зголемување на платата.
Втората половина од годината ќе биде малку покомплицирана. Вагите кои сакаат да ја сменат работата или кариерата, нека размислат добро за следниот чекор, за да не дојдат во ситуација неколкуи месеци да бидат без приход.