Годишен хороскоп 2022 за ВОДОЛИЈА: Година на поволности

На Водолијата им претстои многу поволна година!

Најсилно поле ќе биде областа на финансиите, која се должи на транзитот на Марс во јануари. Положбата на планетите може да ве принуди на импулсивни одлуки, па затоа мора да внимавате на потезите што ги правите, за да не предизвикате контраефект. Пазете се од ментален стрес!

Љубов

Што се однесува до љубовта, оваа година ќе биде просечна за Водолијата, најмногу поради не толку убавото однесување на партнерот. Не дозволувајте тоа да ви го скрши срцето, туку обидете се да ја разберете причината за таквото однесување и ќе успеете да ја вратите љубовната хармонија. Кон крајот на годината ситуацијата ќе биде како на почетокот на врската – прекрасна и без никакви проблеми.

Работа

Годишниот хороскоп за 2022 година предвидува многу предизвици, подеми и падови во бизнис планот. Може да дојде до промена на работното место, а ќе биде потребно многу трпение, труд и работа за да се вклопите во новата работна средина. Не влегувајте во конфликти со претпоставените, тоа нема да ви донесе ништо добро. Потрудете се да имате убав однос со сите колеги. Оние Водолии кои се невработени во 2022 година ќе најдат одлична работа. Вториот дел од годината ќе биде многу просперитетен, а сигурно ќе има и признание за вашата работа и труд во вид на покачување или унапредување.


Следна страна