Гола венчаница од 4000 евра предизвика жестоки реакции; „Да има постава, би била преубава, вака е евтина како за стриптизети“
Таканаречените „голи“ фустани се во мода последниве години, а судејќи според модната недела во Барселона, овој тренд нема да исчезне. Иако малку сексапил беше добредојден, фустанот на еден бренд, според многумина отиде чекор понатаму.
Станува збор за фустан до подот чија цена е речиси 4.000 евра и е толку проѕирен што под него дефинитивно мора да облечете нешто доколку планирате да прошетате до олтарот во него.
Откако фустанот беше објавен на Инстаграм, многумина без двоумење ги оставија критиките.
Некои се убедени дека фустанот всушност е создаден за првата брачна ноќ, а не за денот на венчавката.
„Горниот дел е убав, но покажувањето задник е премногу романтично за мене“, се пошегува еден корисник на Инстаграм, а друг додал: „Зачувај нешто за спалната соба. Да имаше постава, ќе беше прекрасно, ова е евтин фустан за стриптизети“.
Има и такви на кои фустанот им е совршен таков каков што е.
„Ова е најубавиот фустан досега за мене“, напиша една корисничка, додека друга додаде: „Би се омажила само за да облечам ваков фустан“.
А што велите за овој модел на венчаница Вие?