Голем хепенинг во Електрометал - отворање на најголемиот центар за Вашиот дом досега!

Брендот Електрометал продолжува да ги руши бариерите. По цел месец реконструкција, овој викенд во населбата Маџари (ул. Перо Наков бр.25) каде се наоѓа и седиштето на компанијата, ќе се случи големо отворање на 3 од вкупно 5 планирани маркети!

По едномесечната реконструкција, маркетите зафаќаат вкупен простор од преку 2.500 метри квадратни, а тоа ќе биде само еден дел од комплетниот центар за Вашиот дом кој се очекува да биде заокружен за неколку месеци. Во маркетите на Електрометал во Маџари, ќе бидат изложени преку 70.000 производи, со што овој бренд го задржува водечкото место на нашиот пазар.

„Идејата зад комплетната реконструкција на базата на Електрометал во Маџари е да го комплетираме најголемиот центар за Вашиот дом досега. Претходно, овие маркети функционираа по принципот нарачка во изложбен салон, па подигнување на роба од магацин, но следејќи ги потребите на клиентите и динамичниот начин на живот, решивме комплетно да го трансформираме системот така што ќе му одговара најмногу на крајниот клиент“ – изјави Иван Калинов, директор на малопродажба во Електрометал.

Електрометал е бренд основан во далечната 1949 година и е добро познат на домашната јавност, но доколку големината и бројот на достапни производи (преку 70.000) не е доволен предизвик за да ги посетите овој викенд, од Електрометал објавија и 3-дневен хепенинг: -15% на целокупниот асортиман, многу музика, забава, како и бесплатно кафе, чај и сокови за сите посетители и бесплатни хот-дог сендвичи со секоја сметка од најмалку 500 денари.

„Освен големиот хепенинг кој ќе се случува овој викенд, ги потсетуваме клиентите дека во секој момент ќе можат да аплицираат и веднаш на лице место да ја добијат бесплатната Hobby Card – лојална картичка со која следуваат попусти и бенефиции при секое пазарување во сите маркети на Електрометал низ Македонија“ – додаде Калинов.

Во Скопје, во моментов има 3 маркети во Маџари и по 1 маркет во Карпош 3 (до Skopje City Mall), Центар (Јужен Булевар), Ѓорче Петров, Чаир и Драчево, а изминативе две години, мрежата на маркети низ Македонија е проширена во Велес, Штип, Прилеп, Битола, Кочани, Кичево и Тетово.

Портфолиото на брендот ги содржи водечките домашни и светски брендови, а изборот на производи е најголем на нашиот пазар: од опрема за домаќинство, домашно и професионално осветлување, клима уреди, грејни тела, подни облоги, опрема за бања, бои и лакови, санитарии, се до домашен и професионален алат, опрема за градина, цвеќе, декораци, мебел, кујни, бела техника, мали кујнски апарати – буквално сé што можете да замислите за Вашиот дом и градина.