Големо признание за Ива Пројковска: Избрана е во елитното друштво на судијки за UEFA Women's EURO 2022 во Англија

Ива Пројковска, првата интернационална ФИФА-судијка од Македонија е избрана во елитното друштво на судијки за UEFA Women's EURO 2022 во Англија.

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ја стави Пројковска на списокот на судијки кои ќе ја делат правдата на Европското првенство во Англија.

Веста за оваа нејзино признание на социјалните мрежи ја сподели ФФМ.


„Големо, големо признание за нашата Ива! Пројковска е избрана во елитното друштво на судијки за UEFA Women's EURO 2022 во Англија“, пишува на објавата на Фудбалката Репрезентација на Македонија.


Честитки! 


Фото: ФФМ - Фесјбук