Гордон Ремзи советува да препознаете дали некој ресторан е добар или лош
Познатиот готвач Гордон Ремзи открива три знаци, според кои е најлесно да се препознае дали се работи за добар или лош ресторан.
При снимањето на серијата „Kitchen Nightmares“, која комбинирано доживеа дури 14 сезони, искусниот готвач развивајќи ја оваа единствена вештина, научил како да предвиди дали во некој ресторан ќе добие ужасен оброк и пред воопшто да биде послужен.
„Една работа која секогаш ме предупредува е кога ќе влезам во некој ресторан и веднаш ќе добијам маса. Кој било добар ресторан мора да биде 98 отсто полн. Ако влезете во некој ресторан и веднаш добиете маса, нешто не е во ред со тој ресторан“- вели тој.
Ремзи објасни дека еден ресторан не може да има 27 специјалитети, туку би требало да има едно или две посебни јадења во текот на денот.
Како трет знак е „супа на денот“, и вели дека лошите ресторани два дена по ред ќе имаат ист репертоар во оваа категорија.