Гордост: „Сестри“ од Дина Дума е првиот македонски филм кој ќе се прикажува на Нетфликс

Добивај вести на Viber

фото: архива/ printscreen

Македонскиот филм „Сестри“, од петок, ќе можеме да го гледаме на Нетфликс.

„Со филмот сакам да го свртам вниманието кон младата генерација која е опседната со социјалните мрежи“ - изјави режисерката на филмот „Сестри“, Дина Дума, во неодамнешно интервју за Женски магазин.

За успехот на филмот „Сестри“, покрај големиот број награди и фестивали, како најголем показател можеби е и фактот дека истиот ќе се прикажува на светски популарната платформа за филмови „Нетфликс“. 

    Трејлерот за филмот е веќе на Нетфликс, а е најавен за во петок кога официјално ќе можеме да го гледаме на оваа платформа.

    Инаку ова е прв македонски филм кој ќе се прикажува на Нетфликс.

    Погледнете го трејлерот: