„Господ ме дарил со многу таленти, меѓу кои да умеам да бидам умешен даскал, и рекол да се родам на први септември“: Писателката Марија Лозаноска слави

Добивај вести на Viber

Лекторката, писателка и наставничка, сестра на пејачот Влатко Лозаноски-Лозано, Марија Лозаноска по повод нејзиниот роденден и први септември, денот кога започнува новата учебна година објави фотографија за среќен почеток на сите ученици.

Торта со 5+ и свеќички, традиционално Марија со убава мисла го прославува роденденот. Ова за неа е и нов почеток бидејќи започнува и новата учебна година, со нова генерација основци.

View this post on Instagram

A post shared  (@marija.lozanoska)

„Први септември на сите им буди емоции, а мене ми дарува уште една година. Денот на овој датум секогаш е со возбуда, радост, паника, со „не ми се оди пак на училиште“ и среќни првачиња, а просветните работници си ги испеглале најубавите облеки за пред учениците надевајќи се на успешна учебна година. Господ ме дарил со многу таленти, меѓу кои да умеам да бидам умешен даскал и страстен наставник по Македонски јазик. Па, и рекол да се родам на први септември, сè во комплет.

Фала ти, Боже, за уште една година – животна, просветарска и благословена.

Со среќа новата учебна, школарци!“, напиша Марија.

Фото: Инстаграм
РЖМ