Граци моја, убавице, душа мајкина: Адријана Алачки со емотивна посвета и фотки за роденденот на ќерка ѝ Грациела

Со емотивна посвета на нејзиниот Фејсбук профил, Адријана Алачки ѝ го честиташе роденденот на својата ќерка, својата прва радост Грациела. 

Пејачката, автор и водител на емисијата „Вкусот на традицијата“ упати најубава роденденска честитка до нејзината ќерка Граци, како што таа ја вика и од која ја има малата внука Јана.

„Среќен роденден на мојата бескрајна љубов, на мојата душа, на мојата убавица Граци.

15. март 1989 дојде на свет душата мајкина, белата самовила... немаше посреќна мајка од мене...сонот мој стана јаве..ти благодарам Господе..веќе ништо не беше како порано, не постои ,,јас" постои нејзиното височество „таа"..првиот плач, солза, чекор, збор...кога таа моја мала принцеза се претвори во изградена личност со цврст карактер, истрајна, доследна, мајка, сопруга, верен пријател..без интереси, без услови... кога зборот ѝ е алтан... умот како универзумот... душата како океаните ...да може ćе да собере ..таа стана мојот идол... но кога се подготвува бура.. таа умее да ги распне своите едра... и да му пркоси на ветрот и невремето... е таква е мојата Граци ....среќа мајкина.

Сине да ти е среќен роденденот.. да си ми здрава и жива.. да се радуваш на секој нов божји ден заедно со твоето семејство... дај Боже и ти да си толку горда мајка..како јас со тебе ..

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ДУША МАЈКИНА“ - напиша гордата мајка Адријана и сподели низа семејни фотки.


Инаку Адријана Алачки од бракот со Горан Алачки ги има децата Грациела и Благоја, а пред неколку години стана и баба на преслатката Јана. 

фото:Facebook

Jас сум само капка во океанот на кого сè си помогнал: Адријана Алачки со поддршка за д-р Жан Митрев