ГРАДОТ КОЈ ДАВАШЕ КУЌИ ЗА САМО 1 ЕВРО ДОЖИВЕА ВИСТИНСКИ БУМ: Милионски инвестиции и среќни луѓе
Се започна со примамлива понуда: куќи во живописен сицилијански град за само едно евро. Според заменик-градоначалникот на Месомели, Италија, кој помогна во покренувањето на иницијативата во 2017 година, таа предизвика целосно обновување на некогаш недоволно населениот град, привлекувајќи туристи, вработени луѓе кои работат он-лајн и инвестиции во областа.
Тоти Нигрели изјави за Business Insider во документарецот дека градот се соочил со големи проблеми со депопулацијата пред да ја спроведе програмата.
Тој објасни дека по Втората светска војна, населението постепено се намалило од 25.000 на околу 10.000, бидејќи жителите мигрирале во САД и другите европски земји во потрага по подобри можности.
Кога се иселиле, оставиле празни куќи, особено во Стариот град. Тоа остави доволно куќи за да се сместат околу 40.000 луѓе, додаде Нигрели, но не и доволно жители за да ги наполнат.
Програмата вроди со плод
Инспириран од програмите од едно евро во другите делови на земјата, Месомели отвори веб-страница наменета за странци, рекламирајќи ги домовите за едвај еден долар за американските и европските инвеститори.
Одзивот беше огромен, се пофали заменик градоначалникот.
Тој откри дека во првите пет години биле продадени речиси 300 куќи - околу 95 отсто од куќите од едно евро.
„Сега можеме да видиме многу луѓе од целиот свет“, забележа тој, мислејќи на сите оние кои говорат англиски, француски и шпански јазик кои сега сега живеат во градот.
Продолжува на фактор.мк