Грашо и Хана по долго време видени заедно во јавност: Уживаа во прошетка со ќерката Алба! (ФОТО)
Петар Грашо и Хана Хуљиќ се фотографирани како се шетаат со ќерката Алба
Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ го искористија сончевиот ден и со ќерката Алба прошетаа низ сплитските улици,.
Малата Алба беше во розова количка која ја возеше нејзиниот горд татко низ сплитското пристаниште.
Фотографиите погледнете ги ТУКА
Хана за прошетката облече светли панталони и кратка кожна јакна, додека Петар избра малку потемна комбинација, а и двајцата ги сокрија очите зад очилата за сонце.
Неодамна сплитската модна дизајнерка Јурица Пириќ, која со години ги облекува мајката и ќерката Вјекослава и Хана Хуљиќ, откри како изгледала прославата на крштевката на малата Алба и приказната зад различниот стил на Хана што таа го носи.
„Хуљиќ се навистина едно од моите омилени семејства, тие се едноставни и не ги комплицираат работите. Веќе го знам стилот на Хана и Вјекослава, сè си помина природно и беа само на една проба. Вјекослава носеше син фустан од кадифе, многу тренди, со шлиц и засилени раменици. Фустанот на Хана беше во духот на 50-тите, изработен од брокат, тоа се стиловите што им одговараат, без многу филозофија“, изјави Јурица за „Gloria.hr“.
А раскажа и како била прославата во сплитскиот ресторан одржана во февруари.
„И самата прослава на крштевката беше исто како нив, едноставна, пристојна, со вкус. Хана и Петар не пееја, бендот свиреше, нека се забавуваат и тие малку. Сè беше многу убаво, вистинска семејна забава“, откри таа тогаш.
Извор: showbuzz.dnevnik.hr