Гучи за 400 евра продава сандали што ги носеше речиси секој Југословен
Кога едно
југословенско семејство одеше
на море, купуваше гумени сандали од Југопластика. Најчесто еднобојни, темно сини или жолти. Сите деца
на плажата ги носеа па лесно сандалите ги помешуваа со туѓи.
Тој што носеше проѕирни сандали беше владетел на плажата. Се произведуваа масовно и се продаваа евтино, а многумина сè уште ги чуваат некаде во подрум или поткровје.
Додека некои тврдат дека биле совршени за морето, како заштита од ежиња и камчиња, други тие сандали ги потсетуваат на плускавци и карактеристичниот мирис на пластика.
Оние што немаат своја копија од Југославија можат да добијат сосема нови. Во овој случај, гумените сандали ќе го носат потписот на Гучи, а за нив ќе треба да платат 400 евра.
Југопластика беше југословенски гигант кој вработуваше 13.000 работници, произведуваше над 3.200 различни производи и имаше приходи од 350 милиони долари годишно. Во тоа време беше тешко да се замисли југословенски дом без некој производ на Југопластика, од играчки, чанти, патики, спортска опрема, фрижидери...
Гучи и претходно црпеа инспирација од Југопластика:
Jugoplastika sandale mog djetinjstva vs. Jugoplastika sandale tvog djetinjstva pic.twitter.com/ggVHmxgCpj
— Koji lik (@Kresendo) May 9, 2018