Gwyneth Paltrow ги откри своите 3 супер секс тајни

Добивај вести на Viber

Goop е магазин и портал за животниот стил, во кое актерката Gwyneth Paltrow одговори на сите прашања кои ги имате за аналниот секс. Ова често е табу тема, но да бидеме искрени баш не интересира!

Пред да го пробате, постојат неколку работи што треба да ги знаете и кои треба да ги примените за да биде полесно за вас и вашиот партнер. Gwyneth во сексуалниот водич одговори на сите „непријатни" прашања, а ние ги избравме нејзините 3 најдобри совети 

Пред сè, разговарај со партнерот!

Не можете да имате одличен секс без одлична комуникација. „Многу е важно да имате добро сексуално комуницирање и доверба во партнерот и, исто така, двајцата да го посакувате истото. Ако една страна врши притисок врз друга, работите нема да завршат добро,"стои во магазинот. „Паровите кои немаат добра сексуална комуникација, кои не даваат и не примаат фидбек за желбите на својот партнер и немаат високо ниво на доверба, не треба никогаш да помислат на анален секс.“

Заборавете на сè што сте виделе во порнографија.

„Аналниот секс што го гледате во порно филмовите е приближно реален како и начинот на возење во „Fast and furious“. Порно филмовите не се реалност. Заборавете на груби движења и неизведливи пози какви што сте навикнати да гледате. Почнете со модифицирани пози на анален секс, бидејќи на тој начин ќе добиете многу поголема удобност и сензација. "

Лубрикацијата е клучот.

За разлика од вагината, оваа дупка за која зборуваме нема природна лубрикација и влажност. Според тоа, многу е едноставно: лубрикантот е неопходен во овој случај!