Халкбанк со подарок за новороденчињата во текот на октомври, месецот на штедење

Добивај вести на Viber

Сите родители кои во текот на месец октомври ќе добијат принова во ЈЗУ Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство, ПЗУ Ре-Медика или One Hospital, во знак на месецот за детско штедење, ќе добијат симболичен подарок од Халкбанк и Халки.

Оваа акција, Халкбанк во соработка со ЈЗУ Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство, ПЗУ Ре-Медика и One Hospital ја спроведува во насока на дарување на родителите и нивно информирање за потребата од штедење за своите најмили од најрана возраст и поттикнување на едукацијата за штедењето.

Детското штедење е најсигурен начин родителите да обезбедат за своите најсакани посигурна иднина и поквалитетен живот и да можат, дури и со издвојување мали месечни износи на орочен депозит, да обезбедат средства со кои ќе задоволат одредени потреби на своите деца кога тоа ќе биде неопходно, велат од банката, и додаваат:

Детското штедење на Халкбанк го обезбедува токму тоа бидејќи нуди можност за орочување на средствата на 25, 36, 45 и 60 месеци. Штедењето може да биде во денари или во евра, а минималниот износ за првиот влог е 1000 денари, односно 20 евра. Понатаму, секој родител, кој е законски застапник на сметката отворена за своето дете, може да врши дополнителни уплати кога сака и колку сака и тоа не само со одење на шалтер, туку и со траен налог или преку електронското банкарство“.

Каматните стапки кај Детското штедење се фиксни за целиот период на орочување и се движат од 1,20 до 1,90% годишно, во зависност од периодот на орочување, за штедење во денари, односно од 0,70 до 1,40% доколку се штеди во евра. Каматата се исплаќа по истекот на рокот за орочување кога, зависно од договорот, автоматски се врши реорочување на заштедените средства.

„Родителите се најсреќни кога знаат дека на своите деца им го отвориле патот кон среќна и сигурна иднина. Детското штедење е вреден чекор кој треба да го направи секој родител за своето дете, а овој октомври како светски месец на штедењето, може да биде вистинското време за преземање на тој чекор“, потенцираат од Халкбанк.