Халкбанк со штанд во East Gate Mall уреден во стилот на аеродромските ВИП салони

Добивај вести на Viber

Во новиот продажен центар East Gate Mall во Скопје, во главната зона во која се продажните салони на многубројните познати светски модни брендови, свој штанд отвори и познатиот банкарски бренд - Халкбанк. Позната по своите услуги кои носат дополнителни вредности за луѓето, Халкбанк новоотворениот штанд го уреди во стилот на ВИП салони какви што ги има по меѓународните аеродроми, а во кои времето меѓу два лета можат да го поминат и корисниците на Mastercard World кредитната картичка издадена од Халкбанк. Оваа Мастер картичка на Халкбанк им овозможува на корисниците бесплатен пристап и користење на лонџовите.

„Халкбанк АД Скопје во рамките на програмата Lounge Key овозможува посебен третман за клиентите корисници на Mastercard World картичката  во над 800 аеродроми насекаде во светот. Со новоотворениот штанд сакаме да го доловиме изгледот на овие ВИП салони и на посетителите да им го доближиме премиум искуството кое им го овозможува нашата Mastercard World картичка“, вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк.

Посетителите на штандот во East Gate Mall исто така можат да добијат информции за сите предности и бенефиции што ги нудат кредитните картички издадени од Халкбанк, какви што се плаќањето на рати без камата кај огромна листа на продажни места или програмата Бонус поени каде со пазарување во предефинирани продажни места се добиваат поени кои потоа можат да се искористат за повторно пазарување. Во моментов во тек е и новата наградна игра „Активирај Супермоќ“, која ќе трае до 28 февруари, во која можат да учествуваат сопствениците на картичките од брендот Mastercard на Халкбанк, кои со секое пазарување добиваат шанса да освојат некоја од 60 вредни награди.

Повеќе информации за Mastercard World  кредитната картичка на Халкбанк и привилегиите кои таа ги носи може да добиете на https://halkbank.mk/mastercard-world-mk.nspx.

ПР објава