Хана Хуљиќ е бремена, Петар Грашо за првпат ќе стане татко на 46 години: Парот ја потврди среќната вест

Добивај вести на Viber

фото:instagram printscreen

Еден од најинтригантните хрватски парови во моментов, Петар Грашо и Хана Хуљиќ, го чекаат своето прво дете!

Хана Хуљиќ, ќерката на Тончи Хуљиќ е бремена, пренесуваат медиумите.

Убавата Хана и нејзиниот 14-години повозрасен партнер, пејачот Петар Грашо го чекаат своето прво дете.

 Оваа прекрасна информација ја потврди Мартина Подгорски, ПР на популарниот пејач.

- Точни се информациите за бременоста на Хана Хуљиќ. Семејството и пријателите се многу среќни. Како што знаете, Хана и Петар секогаш настојуваа, и ќе продолжат да се трудат, колку што е можно, да ја задржат својата интимност подалеку од очите на јавноста. Се уште немаат планови за свадба - изјави Мартина Подгорски, пишува 24.sata.hr. 

Хана Хуљиќ исто така потврди дека е бремена, за Јутарњи лист, по неофицијалната вест која се прошири на порталите.

- Информациите се точни, среќни сме и возбудени, но ништо друго не би коментирала, би сакала некои работи да ни останат приватност, накратко изјавила Хана, која, како што дознаваат Јутарњи, бремена е околу 12 недели.


Петар Грашо неодамна за прв пат проговори за својата нова врска.

- Многу сме среќни и задоволни и така треба да биде. Хана е многу добра и ние сме среќни - изјави тој за магазинот ИН.

Да потсетиме, Петар пред Хана беше 24 години во врска со пејачката Данијела Мартиновиќ, која пак неодамна си ја отвори душата за мајчинството и тагата дека не се остварила како мајка.

Откако оддекна веста за бременоста на Хана, Данијела објави охрабрувачка порака на Инстаграм.


извор:jutarnji/GLOSSY
фото:instagram