Петар Грашо по прв пат отворено за врската со Хана: Среќни сме и задоволни
Музичарот го прекина молкот и изјави дека Хана Хуљиќ и тој се во среќна врска, а ги коментираше и шпекулациите за нивната романса кои се појавија во медиумите последниве месеци.
Иако за врската помеѓу Петар Грашо (45) и Хана Хуљиќ (30) се зборува повеќе од два месеци, музичкиот пар досега не зборувал на оваа тема. Сепак, пејачот реши да го прекине молкот и ја коментираше нивната романса за ИнМагазин.
- Многу сме среќни и задоволни и така треба да биде. Хана е многу добро и ние сме среќни - рекол Грашо и признал дека бил изненаден од некои медиумски наслови за неговата врска со Хана.
- Некако научив дека, бидејќи многу го кријам приватниот живот, медиумското внимание е уште поголемо. Но, морам да бидам искрен дека бев малку изненаден од креативноста на одредени медиуми во смислувањето различни и разновидни форми на - ништо, всушност. Ги живееме нашите животи и важно е луѓето околу нас да бидат задоволни и сите да бидат мирни, но и задоволни - заклучи пејачот.
Иако Хана и Петар досега молчеа, за нивната врска претходно се огласија нивните родители. Така, хитмејкерот Тончи Хуљиќ (60) ѝ даде „благослов“ на својата ќерка и на својот долгогодишен пријател.
- Го разбирам медиумскиот интерес за прашањето за Хана и Петар, но никогаш јавно не сум се осврнал на приватниот живот и односите на моето семејство и на изведувачите со кои работам. Особено што Петар и Хана имаат слични ставови кон медиумското претставување на личниот живот, а Петар е и голем семеен пријател. Ако се среќни, а колку што гледам се среќни, тогаш јас и Вјекослава сме среќни - изјави Хуљиќ за Вечерњи лист.
Неодамна и Данијела се огласи по прв пат за разделбата со Грашо:
Се сакаа 24 години, а тој денес сака друга: Данијела Мартиновиќ за прв пат проговори за раскинувањето со Петар Грашо