Хари и Меган поканети во Србија

Добивај вести на Viber

Организаторите на една гастрономско-туристичка манифестација во Липовац во Србија, официјално ги поканија принцот Хари и Меган Маркл да го поминат медениот месец во Србија

„Ги покануваме принцот Хари и Меган Маркл да поминат луд меден месец во Србија на Светскиот шампионат во готвење тестиси и да уживаат во нашите специјалитети. Нашите специјалитети гарантираат продолжување на кралската лоза и богат сексуален живот“- стои во објавата на организаторите на фестивалот.

Кралската двојка инаку ќе оди на сафари во Боцвана.