Хари и Меган продолжуваат сами: Нова кавга во кралското семејство?
Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл не се повеќе дел од хуманитарната организација која ја иницираа со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон и основале своја, пишува „Дејли Мејл“. На тој начин, вовјводата и војвотката од Сасекс ги поделија јавните обврски со другата кралска двојка, но и ги подгреаја теориите дека браќата повеќе не се во добри односи откако Меган е дел од нивното семејство.
Извори од кралското семејство велат дека сепак оваа
поделба не е конфликт, туку „подготовка на двете двојки за идните улоги кои
очигледно подразбираат различни патишта“. Истиот извор потсетува дека Вилијам
еден ден ќе стане крал, веднаш по нивниот татко Чарлс.
По нивното прво заедничко појавување на претставувањето на Кралската фондација минатата година, Хари, Меган, Вилијам и Кејт медиумите ги нарекоа „Фантастична четворка“. Во таа прилика изјавија дека секоја година ќе зборуваат за своите хуманитарни активности, но обединети издржаа само 16 месеци.
Насловна фотографија: Ројтерс