Хари и Меган се делумно криви за тоа што им се слулува на Кејт и Чарлс“: Принцот го обвинуваат за злобно манипулирање со татко му
Кралот Чарлс се бори со опасна болест, но продолжува со своите обврски, Кејт Мидлтон објави дека завршила со хемотерапијата, па се вратила на своите обврски. Патот до заздравувањето и работата се испреплетени, додека некои веруваат дека принцот Хари и Меган Маркл до одреден степен придонеле за здравствената криза во кралството.
Принцот Хари е опсипан со сериозни обвинувања. Оние кои го обвинуваат ја земаат предвид низата семејни скандали што ја снашле британската монархија од Мегксит 2020 година до денес.
Инцидентите, барем јавно, главно беа иницирани од Сасексите откако ги напуштија кралските должности, се преселија од Британија во Америка и дадоа серија интервјуа во кои открија семејни тајни, но и упатија низа обвинувања, упатени до Кејт Мидлтон и Кралот Чарлс.
„Здравствените проблеми на Кејт Мидлтон и кралот Чарлс би можеле делумно да се влошат со постапките на Хари и Меган“, пишува marca.com, цитирајќи ги зборовите на извор за бегалецот принц:
„Тој е многу егоцентричен. Го сака тоа што го сака и ретко кога му е кажано не. До сега. Кога го напушти дворот, тоа беше тоа. Се обидоа да му помогнат, за да разбере што ќе се случи, особено на безбедносен план (повеќе за тоа во посебен текст), но тој постојано мислеше дека може да го натера татко му да прави што сака, што не е воопшто добро за здравјето на Чарлс“.
Инсајдерот кој го кажа ова е многу упатен во семејната ситуација. Од друга страна, британското кралско семејство неодамна го поддржа принцот Хари, кој наскоро ќе пристигне во Британија за доделување на важни награди.
Меган Маркл нема да оди на пат со својот сопруг, наводно ветила дека никогаш повеќе нема да стапне во Британија поради се што доживеала таму. Не треба да го изгубиме од вид фактот дека се шпекулираше дека помирувањето на Хари и семејството е невозможно, а сепак тоа се случи. Честитките пристигнаа неколку дена откако Кејт Мидлтон и се обрати на јавноста и објави позитивни вести за нејзиното здравје.