Харисон Форд заплака додека зборуваше за бракот со 22 год. помладата сопруга: Солзите не можеше да ги запре ниту неговата љубена
Харисон Форд беше награден за неговите извонредни достигнувања за време на славната кариера. Додека зборуваше за својата работа на Critics' Choice Awards во Лос Анџелес, тој ѝ се заблагодари на својата сопруга Калиста Флокхарт со која се појави на црвениот тепих. Нивниот брак трае од 2010 година.
Харисон Форд рече од сцената: „Награда за избор на критичарите: „Прво, навистина сум среќен што сум овде вечерва за да видам во што се претвора нашиот бизнис и да видам како сите талентирани луѓе добиваат можности кои веројатно не постоеле во раниот дел од мојата кариера. Тука сум поради комбинацијата на среќа и работата на прекрасни сценаристи, режисери и филмаџии. Се чувствувам исклучително среќен. Среќен сум за оваа чест и многу ја ценам.
Сакам да се заблагодарам на мојата прекрасна сопруга Калиста Флокхарт која ме поддржува кога ми треба голема поддршка. И ми треба многу поддршка“.
Актерот и неговата сопруга не можеа да ги сопрат солзите за време на неговиот говор. Тој доби овации додека беа прикажани низа од неговите најзначајни улоги.
„Длабоко сум благословен што ги имав можностите што ги имав и благодарен сум. Нема да одземам повеќе од вашето време. Ви благодарам“, рече тој, пренесе People.
ФОТО: Принстскрин јутјуб