Хедер Локлир: Неславен крај за најубавата актерка на Холивуд

Актерката која се прослави со улогите во сериите „Мелроус Плејс“ и „Династија“ пред две години беше сместена на психијатрија откако се заканувала дека ќе се самоубие.

Познатата актерка позната како најубавата насмевка на Холивуд годиниве го разбранува интересот на јавноста, откако медиумите почнаа да шират информации дека лечењето не дава добри резултати и дека Локлир го губи разумот.

Хедер тогаш беше приведена откако физички го нападна своето момче Крис Хејзер, му откина дел од носот и физички ги нападна полицајците кои беа дојдени на повик од нејзиниот брат. Целата драма се одвивала пред очите на нејзината тогаш 20 годишна ќерка Ава, а од затвор беше ослободена со кауција од 20.000 долари. 

Сепак тоа што останува мистерија е што придонело за актерка која своевремено важеше за секс симбол да се доведе до работ на бездната? Холивудските аналитичари сметаат дека проблемите со анксиозноста и депресијата своите корени ги влечат од неможноста да се соочи со фактот дека старее и дека убавината полека почнува да ја снемува од нејзиното лице. Исто така, бурниот живот и големиот број партнери дополнително придонесоа за психичката нестабилност на Локлир. 

Русокосата убавица прв пат се омажи на 24 години за Томи Ли, а седум години подоцна следеше и развод, кој беше очекуван во однос на тоа дека музичарот важи за човек со незгоден  и тежок карактер.

Но, сепак развод кој предизвика големо чудење е од бракот со Ричи Самбор од групата „Бон Џови“, од кој ја доби и својата ќерка. Нивниот брак изгледал идеален, се додека во 2006 година Хедер не побарала развод, на изненадување на Ричи кој сметал дека функционираат совршено. 

Оттука, работите почнуваат да одат по надолна линија...

Во 2008 година заминува во клиника во Аризона со цел да се излечи од депресијата со помош на медитација, а потоа стапи во врска со колега од „Мелроус Плејс“, Џек Вагнер.

Четиригодишната врска по која следеше и веридба заврши без брак, бидејќи актерката се почесто била под дејство на алкохол, а неретко и во таква состојба возела и предизвикувала сообраќајни незгоди. На крајот во 2011 година, парот ја прекинува веридбата по жестока караница и физичко насилство. 

Аналитичарите сепак сметаат дека капката која ја прелеала чашата е романсата со Крис Хејзер, кој е инаку поранешен затвореник, а кого Хедер неколку пати безуспешно се обидувала да го заборави.

По неколку неуспешни обиди за лечење од зависност и справување со депресија и анксиозност, Локлир пред еден месец објави дека е трезна една цела година... Најголема поддршка добива од своето семејство, кое се надева дека нејзината животна приказна нема да заврши неславно. 

Сега нејзиниот профил на Инстаграм е преплавен со фотографии од нејзината ќерка, која несомнено наликува на неа, а месецов дипломираше.

View this post on Instagram

A post shared by Heather Locklear (@heatherlocklear) on