ХИТ ФРИЗУРА НА СЕЗОНАТА: Како да си направите „неуредни“ бранови во косата

Добивај вести на Viber

„Неуредните“ бранови во косата или фризура како да си дојдена тукушто од плажа е популарна веќе втора сезона меѓу трендсетерките.

Постојат бројни совети како да го направите овој тип на фризура и во период кога одењето на плажа е невозможно, а ние сепак сакаме да ја постигнеме таа ноншалантност. Иако фризурата изгледа како на неа да не сме потрошиле ни секунда од нашето време, свесни сме дека и за неуредноста треба да се помине одредена процедура, за да се постигне совршено несовршен изглед.

Овој пат ви донесуваме совети како да постигнете прекрасни бранови во косата според зборовите на Џен Аткин, која ја стилизира косата на бројни познати личности, а со Ким Кардашијан често снимала туторијали за тоа како одреден тип на фризура да ја направите дома. Од оваа прекрасна фризура ве делат само неколку едноставни чекори.


1. На сува коса нанесете спреј кој се користи за сува коса, но нанесете го само на оние прамени кои сакате да ги стилизирате бидејќи нема потреба тоа да го нанесувате на цела коса.

2. Потоа замоткајте ги прамените на косата кои сте ги поделиле на делови и тоа од врвот кон коренот.

3. Косата сушете ја со фен кој дифузер и секој прамен кој сте го замоткале сушете го отприлика 30 секунди.

4. Откако го направивте тоа, земете ја пеглата за коса и поедини прамени поминете ги со неа, така да со пеглата го прекршите праменот и го свиткате во различни насоки.

5. На крај само преминете со прсти и уште еднаш дополнително згужвајте ги брановидните прамени , нанесете спреј за коса и вашата фризура е готова.