Хит трансформација на пејачот Кеба: Даде 600 евра за нови веѓи, а еве како изгледа денес

Кеба еднаш беше подложен на метод кој е многу популарен меѓу жените

Драган Којиќ Кеба е еден од ретките пејачи кој никогаш не криел дека вложува многу пари во својот физички изглед и разубавувањето, а надалеку е познато дека тој бил еден од првите припадници на машкиот пол кој признал дека ги истетовирал веѓите, а потоа отиде чекор подалеку кога станува збор за разубавувањето, па како вистински метросексуалец се нашминка трајно.

Меѓутоа, со текот на времето, тој повеќе не бил задоволен со изгледот на веѓите, па решил да промени нешто во врска со тоа. Неодамна направи корекција на веѓите кај познат козметичар,  а во јавноста се појави фотографијата по процедурата.


Како што се дознава, ова задоволство го чинело дури 600 евра, но тој не штедел пари за да добие нова форма на веѓите.

- Кеба е особено „слаб“ на веѓите. Кога ги истетовира беше задоволен, но со текот на времето почнааа да бледнеат и да губат боја, па не му се допаѓаа. А го погодија и коментарите дека веѓите му се како пијавици и дека повеќе личат на женски отколку на машки. Кога виде дека многу негови колешки одат кај овој познат козметичар, реши и самиот да оди кај него. Му кажа дека сака да бидат што е можно поприродни и поголеми отколку што имаше досега. Го чинеа 600 евра, но оттогаш не ја симна насмевката од лицето, презадоволен е – заклучува изворот за тамошните медиуми.

View this post on Instagram

A post shared by @dragankojickeba


Да потсетиме дека Кеба некогаш беше подложен и на метод кој е многу популарен кај жените, а тоа вклучува вбризгување на боја на пигмент од растително минерално потекло во плитките слоеви на кожата со исцртување тенки линии под очите.


Извор: www.blic.rs