Хит ВИДЕО: Новопечениот татко Вељко го понесе оваа песна, а баба Цеца се шокира од неговата реакција
Интересно
е и видеото на кое фолк ѕвездата го смирува својот син, кој како што можете да
видите го погоди песната „Rađaj sinove“.
Богдана и Вељко Ражнатовиќ станаа родители по втор пат. Синот Крстан го виде светот на денот кога се роди неговиот дедо Жељко Ражнатовиќ-Аркан.
По тој повод во семејната куќа на Дедиње беше организирана голема веселба која траеше до зори.
На прославата, пејачите Јоца Стефановиќ и Слоба Радановиќ, како и Марина Вишковиќ и Александра Бурсаќ, ја доведоа атмосферата до врв, а гордиот тато Вељко очекувано беше најсреќен. Како што налага обичајот, гостите му ја кинеа кошулата, па мораше одвреме-навреме да облече нова.
И расположението на Цеца беше на ниво, па понесена од атмосферата во еден момент се качи на столче и пееше, додека гостите со воодушевување ја следеа во дует, бидејќи ретко имаат можност да ја видат во вакво издание.
Интересно е и видеото на кое фолк ѕвездата го смирува својот син, кој како што можете да видите го погоди песната „Rađaj sinove“.
Членовите на семејството Ражнатовиќ и Родиќ, Мили со сопругата Маријана Матеус, Вики Миљковиќ со сопругата Ташкета, Бојана и Мирко Шијан беа само дел од гостите кои ја красеа прославата, додека оправдано отсуствуваше сестрата на Вељко, Анастасија.
Вилата Ражнатовиќ во одреден момент била осветлена од огномет, а се појавиле трубачи на задоволство на таткото Вељко, кој не штедел на музиката.
Фото: Youtube - screenshoot
Видео: Инстаграм