Половина жена, половина харизма: Холивудската дива со насмевка од милион долари во целосен тренди и шик костим, а чевлите засенија сè останато

Добивај вести на Viber

Џулија Робертс е една од најомилените холивудски актерки, но ретко се појавува во јавноста и на престижни настани... Но, прославената 54-годишна жена повторно е во центарот на вниманието, пред се благодарение на нејзиниот нов филм „Gaslit“.

Така таа синоќа се појави на њујоршката промоција на овој политички трилер, потсетувајќи повторно на нејзиниот уникатен стил кој отсекогаш им пркосел на трендовите.

Џулија отсекогаш била љубител на класиката и елеганцијата за јавни настани, но од друга страна, не се двоумела да флертува со машката мода, исто како и сега.

Холивудската дива блесна во карирани бермуди од сива ткаенина, кои ги надополни со квалитетна, сива јакна, бела кошула и сив елек. Црните кожни салонки од велур со вртоглаво високи потпетици и дадоа секси печат на целата комбинација, а Робертс навистина изгледаше неверојатно добро.


Претходно тој ден, Џулија гостуваше во познатото телевизиско шоу кај комичарот Стивен Колберт, а тоа издание ни се допадна повеќе од вечерното.

Робертс за таа прилика избра модерен, кул костим во светло жолта боја, со кој носеше кошула во иста боја. Костумите се голем тренд веќе неколку сезони по ред и секако наједноставниот начин да бидете облечени едноставно, а ефективно.


Актерката се одлучи за необични панталони кои дефинитивно не се за секого, но од друга страна се многу впечатливи и привлекуваат очи. Станува збор за здолниште-панталони, какви што се носеле во 80-тите.


Сето тоа го заокружи со специфични лакирани чевли со врвка и дебела потпетица, а тука беше нејзината неизбежна, волшебна насмевка.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Профимедиа