ХОРОСКОП: Откријте што ви носи последниот викенд од 2022 година

Добивај вести на Viber

Шкорпија

Посветете се на себе, своите желби и потреби, а најмногу на одморот. Сите ви се поважни, но треба да се ставите вие на прво место. Викендот ќе уживате во претпразничните забави.

Стрелец

Можно е да се чувствувате незадоволство, бидејќи сега кога имате слободно време и денови, вие повторно ќе ги поминете дома. Со самото тоа нема да ви се случи ништо посебно и тоа би можело да ви создаде нервоза. Договорете некоја попладневна средба.

Јарец

Не може да очекувате нешто од другите што ни вие самите не сте во можност да го направите. Без оглед на тоа, кога сте вие во прашање, сметате дека треба да ви излезат во пресрет. Викендот ќе ви донесе интересна средба со блиски пријатели, предновогодишно ќе уживате со друштвото.

Водолија

Викендот ќе ви помине во завршување на обврските, кои не сте успеале да ги завршите во текот на неделата. Време за некои други активности или дружење ќе немате. Доцните часови ќе ги поминете со вашиот партнер.

Риби

Викендот ќе ви донесе случувања кои воопшто не ги очекувавте. Некој ќе ви изјави љубов и ќе ви го признае она што го чувствува кон вас. Во прв момент ќе бидете шокирани, бидејќи не би се надевале на вакво нешто од таа личност. Доколку сте слободни, препуштете се.




Претходна страна