Хороскоп за жени: Од овој маж треба да бегате, а него чувајте го за цел живот

Добивај вести на Viber

Хороскоп кој ќе им помогне на жените кои бараат љубов или се сомневаат дали врската која моментално ја имаат е вистинската

Жена Овен

Вие во љубовта: За вас љубовта е страст и возбуда. Сакате да флертувате и лесно ја освојувате целта. Откако ќе го освоите саканиот маж, подготвени сте на се за да го задржите

Проблеми во љубовта: Премногу се потпирате на инстинктот и со глава влегувате во ѕидот, наместо да се одморите за да анализирате. Обично жалите за вашата импулсивност.

Сродна душа: Младите ловци како Стрелец и Лав се најдобриот „плен“.

Не е за вас: Сентименталниот Рак може да ги разбуди вашите емоции, но е премногу напорен.

Жена Бик

Вие и љубовта: Еден од најромантичните знаци кој сонува за совршен принц кој ќе ги држи за рака и ќе ги опсипува со подароци. За возврат, ќе биде задоволство да го разгалите. Не играте игри и не сакате мажи кои си играат со емоции. Трпението и решителноста се вашите најдобри сојузници.

Проблеми во љубовта: Понекогаш сте премногу резервирани кога треба да го дадете срцето. Оставете ги вашите стравови за да може да се роди љубов.

Сродна душа: Мажите Риби ги привлекуваат вашите емоции, но моќните Скорпии ви го забрзуваат срцето.

Не е за вас: Нема ништо корисно од приказната, а тоа е се што Близнаците можат да ви понудат доколку одлучите да имате романтична врска со нив.

Жена Близнаци

Вие и љубовта: Мајстори за флертување, но не сакате никого да повредите. Сите го сакаат начинот на кој се насмевнувате и си играте со вашата коса. Но, вие исто така уживате да ги играте овие игри и да флертувате, барем додека не најдете маж со кој сакате да се смирите.

Проблеми во љубовта: Потребен ви е простор и маж кој ви се „лепи“ како пијавица нема шанси. Не ги сакате љубоморните момци или оние кои се обидуваат да ве смират.

Сродна душа: Ве привлекуваат независни Водолии, но идеални за вас се Стрелците кои ќе го одржат во живот вашиот авантуристички дух.

Не за вас: Можеби ќе бидете заведени од Јарец, но тој едноставно нема да може да се справи со вашата независност.

Рак жена

Вие и љубовта: Потребен ви е маж кој знае да се гушка како вас, но во исто време да ги почитува вашите старомодни принципи. Важно ви е партнерот да сака семејство. Вечерата дома со филмови ја сметате за идеален состанок.

Проблеми во љубовта: Емоциите се за вас се на светот, па ако некој ве повреди, се затворате во оклопот и страдате во тишина, со големи количини чоколадо.

Сродна душа: Нежната страна на Девицата излегува кога сте заедно.

Не за вас: Мажот Водолија може да ве интересира, но ќе ви даде помалку отколку што очекувате.


Следна страна