Хороскопот открива каква сте во врска: Лавиците посебни, Девиците добродушни

Овен: Искрена

Кај вас нема замачкување очи. Тоа што ви е на ум и ќе го кажете. Со вас нема простор за сензации, бидејќи имате цврсти ставови од кои не отстапувате. Во врска знаете да бидете „тешки“, но еднаш кога ќе го пронајдете партнерот кој навистина ве разбира, му се препуштате во целост.

Бик: Разумна

Вие сте многу практична личност, а тоа се одразува и на вашите врски. И додека сите околу вас се „палат“ на лоши момчиња и после половина живот се жалат за лошиот избор, вам едноставно не ви се ризикува.

Близнаци: Авантуристка

Важите за опуштена личност и поради тоа не ви е проблем да го освоите спротивниот пол. Во врска знаете како да се забавувате и љубовта со вас е вистинска авантура. Делувате самоуверено, иако не секогаш се доживувате така.

Рак: Песимистка

Со вас и не е секогаш најлесно. Понекогаш едноставно не можете да прифатите дека некому се допаѓате, дури и кога тоа е очигледно. Што се однесува до вашите врски, кога сте со некој кој комплетно ве разбира, тогаш сте најдобрата верија на себе си. Сепак, препорачливо е да ги избегнувате оние кои ви се блиски карактерно, бидејќи заедничкиот песимизам може да ве сотре.


Следна страна