Хороскопот открива каква сте во врска: Лавиците посебни, Девиците добродушни
Лав: Посебна
Вие сте ѕвезда и свесни сте за тоа. Тоа ви го потврдуваат и многубројните додворувачи. Ве освојува оној кој најмногу ќе се потруди. А, еднаш кога некој ќе ве освои, вие сте најверната и највнимателната дама на светот.
Девица: Добродушна
Секогаш се обидувате да бидете добри со сите, па така и со партнерите. На мажите им се допаѓа тоа што сте одговорни и разумни, но понекогаш се грижите дека сте предосадни и дека не знаете да бидете спонтани. Не очајувајте. Да беше тоа вистина, партнерот досега стопати ќе ве откачеше.
Вага: Несвесна за сопствената привлечност
Вие сте потполно слепи и секогаш одбирате партнери кои се неколку нивоа под вас. Разбудете се и сфатете дека сте навистина привлечни за спротивниот пол и дека можете да го имате кој и да го посакате. Престанете да му се извинувате на партнерот за се’ и бидете малку посамоуверени. Не се повлекувајте во себе.
Шкорпија: Интензивна
Вие сте прекрасна личност, но си имате „мушички“. Во врска сте интензивни, но и свесни сте за тоа. Вашите партнери ќе потврдат дека навистина сте најдобри во спалната соба. Се гордеете со ова, бидејќи сексот ви е многу важен дел од врската.