Хороскопот открива каква сте во врска: Лавиците посебни, Девиците добродушни
Стрелец: Забавна
Многу сте забавни и најчесто сте најнасмеаните личности во друштвото, а пријателите често ви се обраќаат за совети, бидејќи секогаш сте подготвени да сослушате и да помогнете. Од партнерот го барате најдоброто, што понекогаш може да биде и лошо за вашата иднина, но ако некој еднаш ве зафркне, тогаш сериозно размислувате за разидување.
Јарец: Одговорна
Вие сте му биле мајка на секој ваш дечко, што на некои им одговарало, а некои ги натерало побргу да побегнат. Но, едноставно тоа е посилно од вас и морате да се грижите за партнерот како за мало дете и да му го посветувате целото внимание. Тоа понекогаш остава впечаток дека сакате да го контролирате партнерот по секоја цена.
Водолија: Независна
Вам едноставно ви треба малку повеќе време за се’. Многу сте грижливи и верни кога е момчето во прашање и немате време за „губитници“. Еднаш кога некој ќе ве зафркне, засекогаш го бришете од вашиот живот. Во кревет сте вистински ѕвер.
Риби: Емотивна
Толку сте полни со љубов за другите, па е особено тажно што најчесто одбирате лоши партнери кои никако не ве заслужуваат. Со вас сите се чувствуваат среќно, па зошто да не бидете и вие самите. Вашите емоции и креативноста најмногу доаѓаат до израз токму кога сте во врска, но само кога покрај вас го имате вистинскиот.
Извор: Индекс.хр