,,Хотел Београд“- романтична комедија која мора да се погледне
Најпознатиот балкански актер, глумецот со македонски корени, Милош Биковиќ уште еднаш на врвот на задачата. Маестрално одиграна улога на срцекршачот Павле (Паша) во долгоочекуваната мини серија ,,Хотел Београд“.
Мини-серијалот е базиран на истоимениот филм, во српско-руска копродукција. Своевидно продолжение на руските серии „Кујна“ и „Хотел Елеон“, со првенствена цел на руската публика да им ги покаже убавините на Белград и ги мотивира да ја посетат Србија.
Поранешниот сопственик на московскиот хотел „Елеон“, Паша, станува сопственик на хотел со пет ѕвезди во Белград, кој му го подарила неговата тетка. Паша, српски заводник , живее без да знае за неволјите кои сосема случајно во една бизарна сообраќајка му носат милионски долг и работа со мафијата.
За да го исплати долгот, мафијашкиот бос го принудува Паша да се ожени со неговата ќерка. Додека девојката се подготвува за својата свадба, Паша, по четири години разделба, ненадејно во Белград ја среќава својата руска љубов Даша (Дарја).
Биковиќ и Бајага пред две години кога започна да се прикажува филмот ,,Хотел Београд“ ( која не ја доживеа својата слава поради“пристигнувањето на короната“ и откажувањето на кино промоциите ) ја снимија и песната Дарја која е дел од саундракот на комедијата „Хотел Белград“. Милош ги покажува и своите одлични вокални способности каде пее на руски јазик.
Главните улоги во ,,Хотел Београд“ ги толкуваат Милош Биковиќ, Дијана Пожарскаја, Јелисавета Орашанин, Љубомир Бандовиќ, Срѓан Жика Тодоровиќ, Миодраг Радоњиќ, Александра Кузенкина, Борис Дерѓачов, Миљана Гавриловиќ.
Милош Биковиќ е роден во Белград на 13 јануари 1988 година, зборува српски јазик, англиски јазик и руски јазик, а дипломирал на Факултет за драмски уметности во Белград во класата на Драган Петровиќ. Неговиот дедо од страната на татко му е од Берово, што значи дека актерот има македонско потекло.
Биковиќ ја игра и главната улога во една од најгледаните телевизиски серии ,,Јужни ветар“ која заедно со мини серијата ,,Хотел Београд“ и уште 400 филмски содржини може да ги погледнете во секое време на првата македонска стриминг платформа Gley.
Кога сакаш, каде сакаш, со кого сакаш , колку сакаш, без реклами во еден здив квалтетно исполнето време со Gley стриминг платформата до најврвната светска и домшна филмска продукција која може да се гледа на Smart TV, телефон или таблет, компјутер како и на MaxTV приемниците.
ПР објава