Хотелски искушенија: Тони Михајловски во свој стил без искажан збор ги насмеа сите

Актерот Тони Михајловски поретко на социјалните мрежи споделува каде и со кого го минува денот, но понекогаш од нигде никаде со објавите ги засмева сите.

Овој пат со видео во кое не изусти ниту еден збор актерот ги насмеа сите. 

Имено, на видетото насловено „Хотелски искушенија“, Михајловски преку фацијални експресии „зборува“ за капата за туширање и луѓето кои немаат коса.

Видеото погледнете го овде:


Не бадијала се рекло, кога имаш талент и кога те бивуда за нешто те бидува. 

Доказ за тоа е ова видео на актерот кој е дел од  Македонскиот народен театар - познат по неговите хумористични изјави, досетки, дијалози, но и како професионален актер кој зад себе има голем број на одиграни претстави, но и бил актер во многу познати наши македонски филмови.


Фото и Видео: Инстаграм

Р.Ж.М.