Хрватка прогласена за најзгодна навивачка на Светското првенство во Катар: За неа пишуваат сите светски медиуми (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Странските медиуми ја прогласија ИВАНА КНОЛ за најубава навивачка на Светското првенство во Катар. Откако бројни светски медиуми ја споделија нејзината модна комбинација од Катар, Ивана сега се пофали дека е снимена и за германската телевизија ProSieben.


На видеото што го објави Ивана, таа се шета во костим за капење со бели и црвени квадрати.
Нејзината објава предизвика бројни реакции. Додека некои ја фалат нејзината линија, други ја критикуваат за начинот на кој се облекува во Катар.

За неа пишуваат странските медиуми

Ивана отиде во Катар да ги бодри фудбалерите и не остана незабележана. Таа носеше долг фустан со хрватски шаховски дезен и имаше големо деколте. Таа се пофали со написите за себе во странски медиуми.


Британски The Sun, американски New York Post и Austrian Heute се само дел од светските медиуми кои напишаа текст за Ивана на првенството.

 „Сан“ ја нарече најжешка навивачка и потсети за нејзиното присуство на првенствата во 2014 и 2018 година.


View this post on Instagram

A post shared by (@knolldoll)


Ивана неодамна ја критикуваше организацијата на Светското првенство во Катар.

"Ова е катастрофа! Жал ми е за сите луѓе кои не можат да одат на Светското првенство поради најлошата организација во историјата. Мојата придружба не доби hayyu card и по 20 дена, иако ги има сите билети за финалето. И сите наши пријатели! Очигледно ја имам среќата што навивам за Хрватска! Јасно е зошто толку многу луѓе не сакаа ни да учествуваат во овој циркус!“ напиша таа на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Ivana Knöll (@knolldoll)


извор:index