Huawei ID го доби Европскиот печат на приватност за Европа и ЕЕЗ

Добивај вести на Viber

Aspiegel Limited, подружница на Huawei Technologies Cooperatief U.A (Холандија) го доби Европскиот печат за приватност (EuroPriSe) за услугата HUAWEI ID во рамките на Европската унија (ЕУ) и Европската економска зона (ЕЕЗ).

Европски печат на приватност

Европскиот печат за приватност (EuroPriSe) е транс-европски сертификат издаден од независна трета страна со кој се потврдува усогласеноста на IT производите и IT услугите со европските закони за безбедност на податоци и приватност. EuroPriSe следи транспарентни процедури и безбедни критериуми. Европскиот печат за приватност потврдува дека производот или услугата се верификувани од независни експерти и одобрени од непристрасно тело за сертификација, по транспарентни процедури и безбедни критериуми во процесот на проценка. За повеќе информации за Европскиот печат за приватност, посетете ја страницата: https://www.european-privacy-seal.eu/EPS-en/fact-sheet


Наградената услуга Huawei ID на Aspiegelобезбедуваконтрола врз податоците на потрошувачите ширум Европа и ЕЕЗ. Huawei ID е централизирана услуга што е достапна за сите корисници на уреди со Android.Корисниците можат да ја користат Huawei ID за да работат со други мобилни услуги на Huawei, како што се AppGallery, Mobile Cloud, Developer Alliance, Video, Browser, Assistant, Music, Themes, Honor store и апликации од трето лице. Huawei ID придава големо значење на заштитата на приватноста на корисниците и постојано ги подобрува своите решенија за приватност и техничките спецификации.

Проценката и сертификацијата на Huawei ID се заснова врз каталогот на Европскиот печат на приватност за IT производи и IT услуги - v201701, при што Huawei ID ги исполнува сите барања. Ова беше истакнато во EuroPriSe.

Аspiegel смета дека приватноста и безбедноста треба да бидат задолжителен дел од услугите, по Законот за заштита на личните податоци (GDPR), локалните закони и безбедносните стандарди. Компанијата го следи принципот дека приватноста е основно право на секој потрошувач. Aspiegel постојано го оптимизира дизајнот, истражувањето, развојот, работењето и услугите на O&M преку градење на покомплетен систем за управување со личните информации и обезбедување на потрошувачите посигурни производи и услуги.