Huawei Matebook X Pro - Ин лаптоп за успешни жени

Добивај вести на Viber

Една модерна и успешна жена не може да се замисли без квалитетен лаптоп со кој ќе може веднаш да ги заврши сите обврски и задачи и да се посвети на сите предизвици. Во услови кога сѐ почесто се наметнува работата надвор од канцеларија тогаш неопходен ви е стабилен, брз и компактен лаптоп. Таков е новиот Huawei Matebook X Pro во чии способности имаше можност да се увери екипата на Женски магазин.

Дизајн кој плени

Huawei Matebook X Pro е врвно изработен лаптоп со премиум материјали и тоа ќе го забележите уште на прв поглед. Едноставно, Huawei Matebook X Pro воопшто не наликува на генеричните лаптопи, особено со неговиот метален финиш, цврстото тело и многу ефикасните димензии. Лаптопот многу лесно би го носеле со вас во ташна или ранче, тежи само 1,3 килограми и е еден од најтенките лаптопи со само 14.9 милиметри.  Ние уживавме во неговиот впечатлив изглед, а на македонскиот пазар е достапна Matt Gray нијансата која сигурно ќе привлече многумина.

Бидете безбедни со биометриска заштита

Една од најдобрите иновации на Huawei Matebook X Pro е фактот што во самото копче за вклучување на уредот е вметнат и скенер за отпечатоци. Штом го регистрирате отпечатокот од вашиот прст само вие ќе може да го отклучите и активирате лаптопот, па така ќе бидете сигурни дека дури и да ви биде изгубен или украден никој нема да може да влезе во уредот и да ви ги злоупотреби податоците и фајловите.

Лаптоп и таблет во едно

Huawei Matebook X Pro располага со 13,9 инчен дисплеј со висок степен на 3K HD резолуција, а што е уште поважно има екран на допир. За корисничките кои се навикнати на смартфони сосема природно ќе биде да продолжат да го користат Huawei Matebook X Pro со сите негови можности како што е активирање на таблет режимот на работа. И како класичен десктоп и во таблет режим на работа може да ги користите командите на допир. На пример да скролате по вести и социјални мрежи за содржини кои се од ваш интерес, да зголемувате со "штипкање" на екранот, или да направите скриншот со лизгање низ екранот со прстите.

Наједноставно поврзување на лаптоп и смартфон досега

Благодарение на иновативната технологија Huawei Share, само со допир на вашиот Huawei смартфон може веднаш да ги поврзете двата уреди без потреба од интернет конекција. Потоа, "Multiscreen collaboration” е уште повозбудлива функција преку која може лесно, со само поставување на телефонот до лаптопот, да се префрлат фотографии и видеа и други содржини.

Уредувајте ги сликите на голем екран

Ако сметате дека вашиот смартфон со големина од над 6 инчи има доволно голем дисплеј, тогаш што ќе кажете за речиси 14 инчниот екран на Huawei Matebook X Pro? Токму опцијата за поврзување со смартфонот ќе ви овозможи сите направени фотки од вас или друштвото и омилените селфиња да ги уредувате директно на лаптопот. Направените слики со смартфон на Huawei како што е Huawei P40 Pro веднаш ќе ги имате на работната површина на лаптопот. Тука без никакви проблеми може да користите апликации за уште подобро уредување на слики како Photoshop, да ги забележите сите детали за потоа совршените слики да ги споделите на социјалните мрежи и да ги тагнете вашите најблиски.

Беспрекорен за работа и мултимедија

Huawei Matebook X Pro е доста моќен лаптоп со супер издржлива батерија, односно ќе имате десетина часа на работа со едно полнење. Има екстремно брз полнач кој за 30 минути приклучен во струја ја полни батеријата за работа од цели 6 часа. Со истиот полнач ќе може да го полните и вашиот Huawei смартфон, па така добивате спој на практичното со ефикасното.

Лаптопот е многу симпатичен и убедливо ќе го поседувате најмодерното парче технологија моментално достапно и на македонскиот пазар. Со Huawei Matebook X Pro добивате лаптоп кој може да ги совлада сите предизвици, да го користите за завршување на обврските надвор од канцеларијата или додека работите од дома, а исто така со прекрасниот дисплеј и висококвалитетните звучници ќе може да уживате во на пример содржините на Netflix и другите сервиси за мултимедија.

Покрај Huawei Matebook X Pro на нашите читателки и следбенички им порачуваме да ги погледнат и останатите два нови модела на Huawei - Matebook 13 и Matebook D14 и D15. Сите имаат многу тенки тела, не тежат речиси воопшто и се многу компактни со како што кажавме врвна естетика за да може да одговори на сечиј вкус со гарантирани перформанси.