Huawei Road Show се врати во Македонија со темата 5G is ON
На својот годишен настан за одбележување на најновите иновации во производите и услугите кои ја олеснуваат дигиталната трансформација на компаниите и јавниот сектор, Huawei и оваа година го посети Скопје на 15ти април со своето Huawei Road Show, како дел од турнејата низ 18 градови од Централна и Источна Европа и скандинавските земји.
Со мотото 5G is ON, патувачката изложба оваа година дојде со end-to-end 5G производи и решенијa. 5G развојот се забрзува со брзини надвор од границите на имагинацијата. Водечките светски оператори развиваат 5G комерцијална имплементација побрзо од било кога. Индустријата е веќе подготвена за различни области, вклучувајќи 5G стандарди, производи, терминали, безбедност и бизнис. Huawei е во блиска соработка со клиентите и партнерите за да ги зграпчи можностите за 5G иновации и заеднички да влезе во новата ера на 5G.
Покрај презентацијата за 5G, посетителите имаа можност да се запознаат и со решнијата на Huawei во областа на паметни градови (Smart City) и IoT (Internet of Things), паметно образование, вмрежување и ИТ.
Експертите на Huawei со претставници на високиот менаџмент на телекомуникациските оператори и јавниот сектор водеа длабински дискусии на овие теми, како и ги споделија најдобрите практики и успешни приказни во овие области.
Досега 211 од 500 најголеми глобални компании во листата на Fortune Global 500 ја избраа компанијата Huawei како партнер во нивната дигитална трансформација. Меѓу нив се 48 компании, т.е скоро половина од првите 100 компании во престижната листа.
Во Huawei, иновацијата се фокусира на потребите на клиентите. Компанијата вложува многу во истражување, концентрирајќи се на технолошки откритија кои го водат светот напред. Има повеќе од 180.000 вработени, и оперира во повеќе од 170 земји и региони. Основана во 1987 година, Huawei е приватна компанија во целосна сопственост на своите вработени. Претставништвото на Huawei во Македонија започна со работа пред една деценија.