И А1 Македонија со важен повик до корисниците поради коронавирусот

Добивај вести на Viber

А1 Македонија ja известува јавноста дека активно ја следи состојбата и развојот на настаните поврзани со вирусот COVID-19 во земјата и ги презема сите потребни мерки за превенција и заштита на своите корисници и сите вработени во компанијата.

А1 Македонија ги создава сите услови за минимизирање на непосакувани ситуации и поедноставување на функционирањето во новонастанатите услови предизвикани од COVID-19.

Како компанија посветена на развојот на дигитални услуги, потсетуваме дека сите информации за нашите услуги се достапни на нашата веб страница www.a1.mk или преку повик во А1 Контакт центарот на телефонскиот број 077 1234 во текот на 24/7.

Дополнително, корисниците можат да активираат дополнителни услуги и да ги имаат на увид своите сметки преку апликацијата Мојот А1 која може да се преземе на следниот линк https://www.a1.mk/mojot-a1-promo  додека своите сметки корисниците можат електронски да ги платат на https://www.a1.mk/plati-smetka.

А1 Македонија се грижи за своите корисници и е подготвена да реагира навремено и одговорно во обезбедувањето континуитет во своето работење и услугите кон корисниците.