И Цеца како обичен човек заглави во гужва: За влез во Македонија чека во колона –„Во меѓувреме прави вежби за истегнување“

Добивај вести на Viber

Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ со автомобил тргнала на настап во Македонија и влегла во огромна гужва, па во еден момент излегла од автомобилот кога е снимено видеото.

Имено, во видеото објавено на нејзиниот Тик Ток профил, Цеца ја гледаме во опуштено издание - бела маичка, фармерки и влечки. Косата собранаво пунџа, а на лицето очила за сонце и видно расположена.

- Кои се најдобрите совети за истегнување кога има вакви редици - ја прашуваат Цеца, која веднаш демонстрирала што треба да се направи ако се заглавите во гужва.

- Се наведнуваш, 20-30 повторувања додека не се исправиш. Без чучњеви. На платформа сум, не е стабилно, а имам и публика овде - рече Цеца и додаде:

– Не можеме ниту напред ниту назад – додаде Цеца.

Фановите ја искористија можноста да се сликаат со фолк пејачката додека чекаа на граничниот премин.

- И секако најмалку 20 серии слики - пишува на видеото.

@cecaraznatovicoff TRENING SA CECOM! #ceca #cecaraznatovic #fyp #viral #balkantiktok original sound - CECA

Таа одржа спектакуларен концерт во Куршумлија

Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ пред неколку дена пееше во Куршумлија на плоштадот пред илјадници луѓе кои воодушевено ја поздравуваа најголемата балканска ѕвезда.

Она што многумина ги воодушеви, освен гласот по кој е позната фолк дивата, беше и младешкиот стајлинг кој ја придружуваше нејзината извајана фигура.

Според организаторите, концертот на фолк дивата Цеце Ражнатовиќ го соборил рекордот на посетеност во овој град. На Градскиот плоштад и околните улици имало 20 илјади луѓе.

Фото: Принтскрин/ Тик ток
Извор: Blic.rs