И еве ја, по 6 месеци: Принцезата Кејт лично и персонално пред јавноста, убава и борбена
„Со нетрпение очекувам да присуствувам на Роденденската парада на кралот овој викенд со моето семејство и се надевам дека ќе се приклучам на неколку јавни ангажмани во текот на летото, но подеднакво знаејќи дека сè уште не сум излезена од шумата“.
„Добро напредувам, но како што знае секој што поминува низ хемотерапија, има добри и лоши денови“, напиша таа. „Во тие лоши денови се чувствувате слабо, уморно и морате да му се предадете на вашето тело да се одмара.
„Моето лекување е во тек и ќе трае уште неколку месеци“, продолжи таа. „Во деновите кога се чувствувам доволно добро, задоволство е да се вклучам во училишниот живот, да трошам лично време на работите што ми даваат енергија и позитивност, како и да почнам да работам малку од дома.
„Учам како да бидам трпелива, особено со несигурноста. Земајќи го секој ден како што доаѓа, го слушам моето тело и си дозволувам да го одвојам толку потребното време за заздравување“, рече таа. „Ви благодарам многу за вашето континуирано разбирање и на сите вас кои толку храбро ги споделивте вашите приказни со мене“.
Ова го напиша само ден пред нејзиното официјално појавување пред јавноста.
И да! Остана доследна. За прв пат после 6 месеци, бројни шпекулации и број еден тема во светот, конечно се појави принцезата Кејт која по операцијата на абдоменот, објави дека боледува од рак.Принцезата од Велс присуствува на церемонијата „Trooping the Color“
Фото: Скриншот, во живо преку BBC