И ОВА СЕ СЛУЧУВА: Трамп го згреши името на сопругата Меланија

Американскиот претседател, Доналд Трамп обидувајќи се да открие информации за состојбата на сопругата Меланија која ги оперираше бубрезите, но и да се заблагодари што таа е жива и здрава, напиша пост на Твитерот.

Тој твитна нешто што ја распламти јавноста и нешто што брзо почна да се шири на социјалните мрежи. 

Во неговиот твит за враќањето дома на сопругата, тој направи мала грешка којашто медиумите ја направија огромна. Погрешно го напиша името на Меланија.