И ПО ДЕСЕТ ГОДИНИ, ЉУБОВТА Е ИСТА: Новинарката Анита Петровска и музичарот Александар Рајковиќ прославија јубилеј
Се запознавме на 30 мај во 2008 година, кога Горан Бреговиќ имаше концерт во Скопје. Од нашата прва заедничка фотографија таа вечер, до денес, сe е како убава бајка
Новинарката Анита Петровска- Рајковиќ и музичарот
Алексадар Рајковиќ кој е трубач во оркестарот на Горан Бреговиќ прославија
десет години љубов. Анита вчера со емотивен статус на својот фејсбук профил му
го честиташе јубилејот на сопругот и се присети на моментот кога се запознале.
Првата заедничка фотографија на Анита и на Александар
„ Се запознавме на 30 мај во 2008 година, кога Горан Бреговиќ имаше концерт во Скопје. Од нашата прва заедничка фотографија таа вечер, до денес, сe е како убава бајка. Патувавме често заедно, а по само еден месец врска на една од плажите во Ница, Саша предложи да живееме заедно. Моравме да се решиме веднаш на таков чекор, бидејќи јас сум од Скопје, тој е од Белград и е постајано на турнеи секаде низ светот со Бреговиќ. Да не се договоревме да живееме заедно во Скопје, мислам дека тешко дека љубовта ќе ни успееше“, ни раскажа Анита.
Анита и Александар се венчаа во октомври во 2013 година
Новинарката додава дека деценијата помината со
сопругот, таа ќе ги памети по неизмерната љубов и поддршка. „ И денес, по десет
години, јас сум уште вљубена во него како првиот ден. Неверојатно е, но не е
избледено буквално ништо во нашиот однос“, додаде Петровска. Најубавиот
подарок, таа и нејзиниот сопруг го добиле токму на годишнината од нивната
љубов.
„ Подарокот стаса како порачан. Ни јавија дека се готови документите за нашиот нов стан. За некој ден се вселуваме“, вели Анита. Оваа есен, таа и Александар ќе прослават пет години брак. Тие се венчаа на крајот на октомври во 2013 година.
М.Џаровска