Ѝ преседна летувањето: Се фоткала на една од најубавите плажи во Италија, а сега мора да плати дебела казна!
Девојката доби огромна казна поради фотографијата која ја направи на една од најубавите плажи на светот
Девојката беше на одмор во Италија и се сликаше како сите ние денес. Но, кога ја објавила фотографијата на Инстаграм, била казнета!
Брзо ја нашле која е
Роџерија од Дубаи е казнета со 1.600 евра затоа што влегла во заштитената Пинк плажа (Spiagga Rosa) на Сардинија. Таа се снимаше и фотографираше на плажа и сето тоа секако го објави на социјалните мрежи. Таа ги игнорираше сите предупредувања за забраната, па се снимаше како оди по розовиот песок.
Луѓето од Сардинија ги видоа нејзините објави и ја пријавија. Полицајците брзо ја идентификувале девојката и ѝ пишале две казни! Едната од 300 евра за прекршување на забраната, а другата од 1.300 евра за неовластено пристигнување на островот со брод. После тоа девојката ги заклучила своите профили на социјалните мрежи.
Guida turistica barca sulla spiaggia sarda rosa di Budelli, violando lo storico divieto di accesso per un pugno di like: ora rischia una multa salata @Rogeriaguiadubai/IG La spiaggia sarda di Budelli, gemma dell’arcipelago de La Maddalena, è unhttps://t.co/YxyDn6TH2Z pic.twitter.com/J0ChGQE4TH
— La Citta News (@lacittanews) June 13, 2024
Казна до 3.500 евра
Розовата плажа (Spiagga Rosa) се смета за една од најубавите дестинации во светот, а името го добила по розовиот песок. Многу посетители го понесуваа тој песок со себе и ја загрозуваа плажата, па оваа област стана дел од заштитен резерват во 1998 година. Плажата се наоѓа во рамките на Националниот парк Ла Мадалена Архипелагот, и може да се види за време на патувања со брод. За оние кои ќе се решат да ги прекршат правилата, како оваа девојка, казните се движат од 300 до 3.500 евра, во зависност од тежината и бројот на прекршувањата.