И таа ги покажа совршените облини: Симона Поповска со синовите создава спомени од плажа

Пејачката Симона Поповска ретко може да ја видиме во поразголенo издание. Но овој пат објави фотографија од летниот одмор и во костим за капење.

Фотографијата е вистинска реткост од пејачката, каде можеме да го видиме нејзиното извајано тело.

Симона покажа дека поседува совршени облини и изгледа одлично, откако стана мајка на две деца.

„Создаваме спомени на песокот со моите малечки“, напиша пејачката.

Симона е во брак со македонскиот бизнисмен Кристијан Поповски, со кој ги има синовите Стефан и Никола.

Фото: Инстаграм