И во пандемија со спектакуларени изгледи: Кралицата Летиција држи летни часови по мода

Добивај вести на Viber

Кралот на Шпанија Фелипе VI и кралицата Летиција Ортиз ја обиколија земјата кон крајот на јуни. Целта на парот беше да се сврти вниманието кон локалниот туризам, како и други културни и социјални активности погодени од пандемијата на коронавирус.

Во согласност со здравствените мерки, двајцата прво ги посетија Канарските острови, продолжувајќи со посета до Палма де Мајорка, Севиља, Кордоба, Бенидорм, Валенсија и други убави места во нивната татковина.

Заштитната маска не ја спречи Летиција да изгледа убаво, бидејќи уште еднаш кралицата го покажа своето одлично чувство за мода. Нејзиниот избор на гардероба за време на турнејата може да се дефинира како едноставен, но стилски и спектакуларен.

Погледнете ги летните изгледи на шпанската кралица во галеријата: