Иако со кармин на забите, подобро од ова не може: Кралицата Летиција во најубавото издание до сега
Кралицата Летиција и нејзиниот сопруг Фелипе присуствуваа на
церемонијата на доделување на престижната книжевна награда Мигел де Сервантес
во Мадрид, која годинава и припадна на уругвајската писателка Кристина Пери
Роси.
Убавата Шпанка за оваа пригода избра неверојатно убав фустан, кој како да е сошиен само за неа! Во вака елегантно, ефективно издание одамна не сме ја виделе.
Летиција се одлучи за фустан од шпанскиот дизајнер Мануел Пертегаз, кој и е еден од омилените дизајнери, а на својата свадба дури носеше и венчаница со неговиот потпис.
Овој светлосин фустан со миди должина ја истакна витката, хармонична фигура на славната 49-годишна дама, а креацијата ја красеа пошироки ракави и прекрасен цветен вез во црвена, розова, бела и сина боја.
Шпанската кралица го заокружи изданието со розови салони од превртена кожа и чанта со истата нијанса, како и дискретни розови, дијамантски обетки.
Посебно ни се допадна шминката на Летиција која ја подмлади, но и даде свежина и придонесе да изгледа женствено, иако малку карминот се рзмачка на забите.Косата ја врза во опавче и уште еднаш потврди дека одлучила да не се фарба и дека нема проблем да ја покаже својата седа коса.Извор: Жена блиц
Фото: Профимедиа