Ибрахим-паша ги шармираше жените ширум регионот: Како денес изгледа турскиот актер од серијата „Сулејман Величествениот“? (ФОТО)
Дали денес би го препознале актерот кој го играше Ибрахим- паша во ултра популарната турска серија?
Серијата „Сулејман Величествениот“, најпознатата и најуспешната турска серија во историјата, стекна огромна популарност во светот, а доживеа вистински „бум“ на Балканот. Во сите земји од поранешна Југославија беше исклучително популарна, а покрај главниот лик Сулејман Величествениот и неговите султании Хурем и Махидевран, се истакнаа уште неколку ликови.
Меѓу нив секако е Ибрахим- паша Паргалија, сопругот на сестрата на Сулејман, Султана Хатија, кој го играше турскиот актер Окан Јалабик.
Популарниот актер, кој е роден на 13-ти декември 1978-ма година во Истанбул, каде што дипломирал глума, оттогаш има голем број улоги во успешни турски филмови и серии.
Сепак, локалната публика немаше многу можности да го гледа на малите екрани, па многумина се прашуваат како изгледа денес, осум години по завршувањето на премиерата на „Сулејман Величествениот“.
Окан Јалабик пред неколку дена наполни 44 години, а неговите верни фанови забележаа дека е активен на социјалната мрежа Инстаграм. Така одвреме-навреме им покажува на дамите дека не се променил многу од неговата најпозната улога.
Извор: glossy.espreso.co.rs