Идеален за мини викенд патување: Ова е најевтиниот европски град!
Сместување, музеј, храна, излегувања се само некои од факторите по кои овој град ја освоил титулата најпристапен за туристичка обиколка.
Доколку планирате кратко бегство во странство оваа пролет, а не сакате да платите многу, Краков е апсолутно најдобар избор, покажува годишната листа на најевтини и најскапи дестинации во Европа.
На листата се најдоа 36 европски градови кои се рангирани по 12 клучни финансиски ставки, меѓу кои се влезници за музеи, оброци во ресторани и сместување.
Зад Краков се најдоа Вилнус, Рига, Варшава и Будимпешта, а најскапиот европски град воопшто не нѐ изненадува. Се работи за Амстердам.
Во прилог ви ја пренесуваме и целата листа на градови, а вие одлучете која ќе биде вашата следна дестинација.
1. Краков, Полска
2. Вилнус, Литванија
3. Рига, Латвија
4. Варшава, Полска
5. Будимпешта, Унгарија
6. Москва, Русија
7. Прага, Република Чешка
8. Атина, Грција
9. Лисабон, Португалија
10. Лил, Франција