Идеална комбинација за матура: Како да заблескате на најважната вечер за секој средношколец? (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Месец мај е месецот на матурските забави. Месец во кој средношколците го прославуваат крајот на една етапа од животот. Месец во кој забавата и измешаните емоциите најмногу преовладуваат. 

Иако девојките неколку месеци однапред знаат што ќе облечат за оваа вечер, момчињата се оние кои во последен момент го прават изборот. На нив комоцијата и удобноста им се на прво место, но секако за оваа најважна вечер внимаваат и се трудат да дадат и доза елеганција.

Затоа ние сме тука да ви помогнеме во изборот и да донесеме свежина во вашиот изглед, која ќе направи да заблескате на најважната вечер.

За да сфатите за што зборуваме, погледнете во продолжение, две модни комбинации кои сигурно ќе посакате да ги ископирате:

1. Модерна елеганција со сако, кошула и панталони

Доколку сакате да изгледате елегантно, но во исто време младешки и тренди, ова е комбинација токму за вас! Кошула со цветен дезен, искомбинирана со сако во нежна розе боја и класични панталони во тегет боја. Комбинацијата е заокружена со стилски мокасини во темна тегет боја, обувки кои понатаму ќе може да ги носите со најразлични комбинации.

 * комплетниот аутфит можете да го најдете во CITY FASHION Skopje City Mall 1кат

2. Спортски иглед со сако, маица и панталони

Доколку пак сте спортски тип и сакате малку поопуштен изглед за матурската вечер, ви предлагаме супер тренди комбинација. Станува збор за маичка по кратки ракави, надополнета со одличен крој на сако и бели панталони. Во оваа модна комбинација може да носите мокасини, но може да изберете и патики.

 * комплетниот аутфит можете да го најдете во CITY FASHION Skopje City Mall 1кат

Овие и уште многу други модни парчиња можете да ги најдете во продавниците на CITY FASHION во ГТЦ, Skopje City Mall и East Gate Mall во Скопје, или на cityfashion.mk.

*ПР објава