Идиличната љубовна приказна на Анѓелка и Дарио Прпиќ: Дали следува развод?
Aнѓелка Прпиќ, белградската актерка која е популарна и кај нас благодарение на серијата „Андрија и Анѓелка“ наводно се разведува од својот сопруг Дарио, со кого го има синот Јаков.
Имено 35-годишната Анѓелка е девет години во среќен брак, но сега наводно, со сопругот ја кријат веста за разводот и не сакаат да откриваат детали.
- Немам коментар на таа тема - кратко изјави актерката за српските медиуми.
Последната заедничка фотографија, поставена од Анѓелка на нејзиниот профил на Инстаграм е дури од јануари.
Инаку, Анѓелка и Дарио се запознаа во ноќен клуб, се венчаа во 2011-та година, а една година подоцна го добија синот Јаков. Дарио е сопственик на ресторан во Белград.
Актерката своевремено раскажа како одело нивното запознавање, како и дека го лажела својот сопруг на почетокот на врската.
- Знаете како, кога ќе кажете дека сте актерка, првото прашање е: „Како јас не те познавам, каде глумиш?“. Тогаш почнува мојата мака со која лежам и се будам секој ден за да му ја раскажам на странец во неколку реченици. За да го избегнам тој момент, ако вреди да се обрне внимание на момчето, јас кажував дека работам во банка - откри Анѓелка.
Фото: ATA images